Германецот Јоханес Лудвиг олимписки шампион во санкање

Јоханес Лудвиг е олимписки шампион во санкање откако по четирите трки имаше најдобро вкупно време. Германецот патеката во Пекинг ја мина со вкупно време од 3:48.735 што беше за 160 илјадити делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Волфганг Киндл.

Подиумот го надополни Италијанецот, Доминик Фишналер кој доцнеше нешто помалку од секунда зад победникот. Легендарниот и двократен олимписки шампион Феликс Лох остана без медал откако заврши на четвртото место.

Попладнево во Пекинг беа доделени медали и во слободно скијање во дисциплината могул каде златото и припадна на Австралијката, Џакара Ентони пред Џејлин Кауф од САД и Русинката Анастасија Смирнова.

Се вчитува...