Германецот Штрасер сензационален победник на слаломот на Слјеме

Линус Штрасер ја изненади конкуренцијата триумфирајќи на слалом трката во Слјеме. Германецот до триумфот стигна со неверојатна втора трка поставувајќи вкупно време од 2:01.30 минути. Претходно тој триумфираше во 2017 година во паралелслалом.

Второто место му припадна на Австриецот Мануел Фелер кој доцнеше десет стотинки зад времето на победникот, додека третата позиција му припадна на Maрко Шварц кој доцнеше 16 стоти делови од секундата зад победникот.

Во генералниот пласман водечки остана Алекис Пантуро од Франција со 475 бода. Десет помалку има Норвежанецот Александер Омот Килде, додека трети е Швајцарецот Марко Одермат со 391 поен.

Се вчитува...