Германија без Хумелс на дуелот со Шведска

Еден од најстандардните германски репрезентативци, Матс Хумелс, ќе го пропушти утрешниот дуел против Шведска. Дефанзивецот гласно ја критикуваше тактиката на селекторот и слабата помош што одбраната ја добиваше од средниот ред против Мексико. Иако Лев потоа тврдеше дека тензиите се смирени, денеска е обелоденето дека Хумелс нема да настапи против Шведска, наводно против повреда на вратот.

„Хумелс нема да може да игра утре. Вчера го повреди вратот, денеска состојбата не му се подобри, па дефинитивно нема да биде во комбинација за дуелот со Швеѓаните“ – истакна германскиот селектор на денешната прес-конференција.

Местото на Хумелс во стартниот тим најверојатно ќе му припадне на Антонио Рудигер од екипата на Челси.

Се вчитува...