Германија ја совлада Унгарија и остана во игра за полуфинале

Германија ја совлада Унгарија со 25-32 и остана во игра за полфуиналето на Европското ракометно првенство во Данска.

Германките беа подобар противник во текот на целиот меч контролирајќи го резултатот и на крајот стигнаа до триумф од 25-32.

Емили Болк со 5 гола беше најдобра во победничкиот табор, додека кај поразените не беа доволни ниту осумте гола на Катрин Клујберт.

Се вчитува...