Германија: Нема казни за „бакнувачите“ при прослава на гол

Германската фудбалска лига објави дека нема да има казни за фубалерите кои нема да го почитуваат социјалното дистанцирање односно ќе имаат физички контакт при прославата на головите.

Ова прашање беше отворено вчера на воведните натпревари од продолжението на сезоната во Бундес-лигата откако на дуелот меѓу Херта и Хофенхајм, Дерик Бојата го бакна Марко Грујиќ. Берлинскиот тим славеше со 3-0, а останатите стрелци на головите и другите играчи се држеа на дистанца или си честитаа со допир со лактовите.

„Прославата на головите не влегува во новиот правилник кој е вметнат во регулативата за натпреварите и затоа нема да има казни“ – изјави портпаролот на Бундес-лигата.

За воздржување од гушкање и бакнување при постигнувањето голови има само препорака објаснуваат од Лигата.

Се вчитува...