Германија повторно без учесник на Ф4 во ракомет, Алборг го шокираше Фленсбург

Данскиот Алборг е вториот патник на Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампиони откако успеа да ја задржи предноста од пет гола од првиот натпревар на гостувањето кај германскиот Фленсбург.

Со ваквиот исход, по претходната елиминација на Кил, Германија по третпат во последните четири години остана без учесник на фајналфор турнирот што ќе се игра наредниот месец на „Ланксес Арена“ во Келн.

Германците на крајот стигнаа до пирова победа од 33-29 која беше недоволна за ново учество на завршницата од елитното ракометно натпреварување. Фленсбург во драматичен финиш стигна до 33-28, му беше потребен уште еден гол за пласман на Ф4, но во последниот напад сестрите Бонавентура им оставија премногу време на гостите, кои во последните секунди со гол ставија печат на својот пласман во следната рунда.

Феликс Клар со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа и по деветте гола кои ги постигнаа Јоханес Гола и Магнус Род.

Се вчитува...