Германија, сепак, ќе има еден свој во финалето во Келн…

Иако сите трите германски претставници во ракометната Лига на шампионите сезонава беа елиминирани пред завршниот турнир, сепак, Германија ќе има еден свој во финалето во Келн. Двајца германски играчи се уште се во игра, а еден од нив ќе се бори за титула во големото финале – Уве Генсхајмер и Доминик Клајн.

Има многу работи што ги поврзуваа овие извонредни играчи. И двајцата играат на позицијата лево крило и во Франција дојдоа во 2016 година. Но, само еден од нив ќе игра во годинашното финале во Лигата на шампионите, а за кого ќе навива германската публика, ќе биде познато по саботното финале меѓу ПСЖ (Уве Гернсхајмер) и Нант (Доминик Клајн).

Клајн за кого ова ќе бидат последни натпревари во 15 годишната професионална кариера, веќе има две шампионски титули од Келн освоени  со Кил во 2010 и во 2012 година и уште една титула од 2007 кога завршницата во ЛШ  се играше по стариот формат.

„Не е важно што ќе се случи годинава. Да се биде повторно во Келн за мене е како веќе да сум ја освоил титулата“ – вели Доминик Клајн.

За разлика од Клјан, Генсхајмер се уште ја чека својата прва титула во ЛШ. Германскиот репрезентативец во составот на ПСЖ во Келн има шанса по трет пат да биде најдобар стрелец во Лигата на шампионите по 2011 и 2017 година.

„Како што видовме во последното издание, се може да се случи во овие два дена. Во Келн се е можно. Тимот што ќе игра константно на високо ниво на двата натпревари на крај ќе ја освои титулата. Ќе решаваат детали како што беше и во 2017 година кога ние не бевме на највисоко ниво во финалето против Вардар“ – вели Уве Генсхајмер.

ПСЖ и Нант ќе играат во првото полуфинале во сабота, а вториот финалист ќе го даде дуелот меѓу Вардар и Монпелје. Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи на 26 и 27 мај.

Се вчитува...