Германија со пресврт ја победи Романија, реми на Ерменија, Македонија е втора во групата (ВИДЕО)

Германија со пресврт славеше против Романија со 1-2 во 7. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022, откако Романците имаа предност на полувремето од 0-1 по погодокот на Јанис Хаџи уште во 8. минута.

Сепак, Германија со головите на Гнабри во 52. минута и Милер во 81. минута успеа да дојде до триумфот и трите бода.

 

Ерменија, пак, ремизираше (1-1) на гостувањето против Исланд, па сега Македонија е втора во квалификациската група со 12 бода, шест помалку од водечката Германија.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО (ГРУПА Ј)

Германија – Романија 2-1

Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-4

Исланд – Ерменија 1-1

Се вчитува...