Германија во шок: Репрезентативец и член на Борусија Д. под истрага за семејно насилство

Повремениот германски репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Нико Шулц е под истрага во Германија поради наводна пријава од неговата девојка за семејно насилство, пренесуваат германските медиуми.

Јавното обвинителство во Дортмунд веќе повело истрага против фудбалерот. Поранешната девојка на Шулц, со која наводно има дете, поднела жалба во јуни за различни случаи на насилство во 2020 година. Девојката била на распит во обвинителството, и наводно тие ќе бидат главните докази против фудбалерот.

Хенер Крузе, портпарол на обвинителството во Дортмунд, ја потврди информацијата.

„Поради поплака на поранешната партнерка на осомничениот, во која таа го обвини за физичко малтретирање, минатата недела го баравме осомничениот и обезбедивме информации“, рече Крузе.

„Истрагата е во тек. Имаше претрес во куќата и обезбедени се информации“, рече Соња Фродерман, обвинител.

Од Борусија Дортмунд истакнале дека не се запознаени со случајот, и дека во следниот период ќе разговараат со фудбалерот.

Шулц во последно време не е во плановите на Борусија Дортмунд, и е пред заминување од таборот на „милионерите“. Дојде како големо засилување од Хофенхајм во 2019, но не ги оправда очекувањата. Тој има одиграно и 12 меча за германскиот национален тим, и постигна два гола. Ги има минато и сите младински категории на Германија. Во минатото покрај Хофенхајм и Дортмунд, играше и за Херта и Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...