Германија забрани масовни собири до 31. август: Ф4 нема да се игра во Келн!?

Германската влада донесе одлука за забрана за масовни собири во земјата, вклучувајќи ги и сите спортски натпреварувања со масовен собир на навивачи, до 31. август. Тоа носи нови проблеми за ЕХФ која претходно донесе одлука Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите да се игра на 22. и 23. август.

Европската куќа на ракометот за 24. април закажа нов состанок на кој ќе се одлучува за крајот на европската сезона и одржувањето на Ф4 турнирот. Сосема е јасно, доколку остане одлуката за задржување на терминот од 22.-23. август, завршницата од Лигата на шампионите ќе мора да се игра без публика во Келн. Но, тоа на е посакувана опција за ЕХФ, па останува и варијантата Ф4 турнирот да не се игра во Келн и се префрли во земја во која ќе има услови и за играње со присуство на публика.

ЕХФ на 24. април ќе носи одлука и околу одржувањето на завршниот турнир од ЕХФ купот кој е закажа за 30. и 31. август во Берлин.

Се вчитува...