Германија застана на патот – Србија без шанса за одбрана на АТП купот (ВИДЕО)

Тениската репрезентација на Србија нема да има шанса да го брани трофејот во АТП купот откако во одлучувачкиот меч за пласман во полуфиналето нашиот северен сосед загуби од селекцијата на Германија со 2-1. По половичниот учинок во сингл, мечот беше решен во одлучувачката „дабл“ средба во која Александар Зверев и Јан Ленард-Штруф ги совладаа Новак Ѓоковиќ и Никола Чачиќ.

Голем хендикепт за Србија беше повредата на Филип Крајиновиќ непосредно пред дуелот против Штруф, поради која на него место настапи Душан Лајовиќ кој беше поразен од германскиот тенисер со 6-3, 3-6 и 4-6. Ѓоковиќ потоа ја анулираше предноста на ривалот со победа над Зверев со 6-7, 6-2 и 7-5, а тритиот дуел им припадна на Германците кои осигураа полуфинален дуел против селекцијата на Русија.

 

Се вчитува...