Германката Херман златна на индивидуалната трка во бијатлон

Германката Денис Херман е освојувачка на златниот медал на индивидуалната трка на 15 километри во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг. Германката беше одлична на стрелиштето каде што промаши само еднаш што беше доволно за вкупно време од 44.12.7 минути.

Сребрениот медал и припадна на Французинката Ане Шевалие-Буше која доцнеше 9.4 секунди зад времето на победничката. Со бронзата се закити Марте Олсбу Розеланд од Норвешка која што можеше да стигне и до златото, но бидејќи ја промаши последната мета на стрелиштето на крајот мораше да се задоволи само со третото место.

За Денис Херман ова е прв златен медал на ЗОИ, а претходно во Сочи 2014 го освои бронзениот медал во штафетната трка.

Се вчитува...