Германска доминација во боб-четворосед, злато за В. Британија во карлинг

Германците доминираа во натпреварувањето во боб-четворосед на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Златниот медал му припадна на германскиот четворосед предводен од Франческо Фридрих. Со сребрениот медал се закитија нивните сонародници предводени од Јоханес Лохнер, додека бронзата им припадна на Канаѓаните, предводени од Жастин Киприс.

Велика Британија стигна до првото злато на игрите во Пекинг, откако женскиот тим во карлинг денеска славеше во финалето против Јапонија со 10-3. Вчера во мечот за бронзениот медал кај дамите Шведска ја совлада Швајцарија со 9-7.

Се вчитува...