Германска машинерија: Баерн Минхен урна европски рекорд

Баерн Минхен е непобедлив. Можеби Севилја успеа да даде и силен отпор на синоќешниот Суперкуп на УЕФА во Будимпешта, но на крајот, сепак, по продолженија загуби со 2-1. А тоа беше 23. победа по ред за баварскиот клуб и актуелен европски првак во официјалните натпреварувања. Ханси Флик го препороди тимот, Баерн Минхен играше одлично на крајот од минатата, а продолжи во ист стил и на почетокот на новата сезона.

Ханси Флик и неговиот тим го урнаа рекордот на Реал Мадрид од 2014 година кој го држеше Реал Мадрид под раководство на тогашниот стратег Карло Анчелоти.

На стартот на Бундес-лигата, Баерн славеше со неверојатни 8-0 против Шалке 04.

 

Се вчитува...