Германска вечер во Лига Европа – Лајпциг и Ајнтрахт славеа против Ренџерс и Вест Хем

Германските тимови Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт се на добар пат да се изборат за финале во Лига Европа откако по првиот полуфинален двомеч против Ренџерс, односно Вест Хем имаат предност од 1-0, односно 1-2.

Гостите од Германија во Лондон го отворија мечот уште во 1. минута со голот на Кнауф, а дваесет минути подоцна Антонио донесе изедначување на 1-1. Овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме, а победоносниот гол за Ајнтрахт ги постигна Камада во 54. минута.

Боувен во судиското продолжение имаше одлична шанса за да го изедначи резултатот, но за среќа на Германците одличниот удар заврши во пречката.

Херојот на Лајпциг е Ангелињо кој во 85. минута ја затресе мрежата на Мекгрегор за важна победа пред гостувањето во Шкотска.

Се вчитува...