Германската фудбалска федерација признава дека погрешила во врска со Месут Озил

Германската фудбалска федерација призна дека направила грешки во однесувањето кон Месут Озил во врска со неговата фотографија со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на Светското првенство во 2018 година. Озил предизвика бура во германската јавност поради тоа што решил да се сретне со „контроверзниот лидер на Турција„ како што се толкуваше во Германија.

Германскиот тим беше рано исфрлен од натпреварувањето на кое требаше да го брани трофејот и Озил беше обвинет како главен виновник за слабиот резултат и за лошто издание. Тој набрзо потоа објави дека се повлекува од националниот тим и обвини за „расизам и непочитување“.

Од фудбалската федерација на Германија сега признаваат дека биле направени греши во проценките за овој случај и дека најголем проуст е фактот што не било разговарано со Озил. Од Федерацијата објаснуваат дека во хаосот што настана поради фотографијата и тврдењата за расизам не успеале да добијат директно објаснување од фудбалерот.

 

Се вчитува...