Германската ѕвезда Боатенг осуден за удирање на девојката: Казна од 1,8 милиони евра

Германската фудбалска ѕвезда, Жером Боатенг е осуден пред судот во Минхен за удирање на девојката со која има две деца. Според одлуката на судот ќе мора да и плати отштета од 1,8 милиони евра.

33-годишниот Боатенг, кој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата на германскиот фудбал, ова лето потпиша за француски Лион. Но, бурните врски и скандали кои го следат веќе долги години сега му се рефлектираа со осуда од Судот во Минхен.

Боатенг е прогласен за виновен по тужбата на Шерин Сенлер, со која беше во турбулентна врска и со која во 2011 година доби и близначки. Сенлер го обвини дека пред три години за време на одморот со нивните ќерки ја удрил со што и нанел телесни повреди. Боатенг на крајот доби само парична казна, а можеше да добие и казна затвор до пет години.

Оваа пресуда за Боатенг доаѓа само седум месеци откако 25-годишната Касија Ленхарт изврши самоубиство само една недела по крајот на бурната двегодишна врска со славниот фудбалер. Боатенг ја прекина врската со неа по една меѓусебна жестока караница во јавноста и откако пијана го искрши неговиот автомобил. Веднаш потоа, додека Боатенг беше со Баерн Минхен на клупското светско првенство во Катар таа си го одзеде животот. Боатенг кога дозна веднаш го напушти Катар и се врати во Германија.

Се вчитува...