Германски ракометен репрезентативец заболен од коронавирусот

Коронавирусот дојде и во германската ракометна репрезентација, потврди Ракометната федерација на Германија. Еден ракометар е позитивен на Covid-19.

„Тестовите за коронавирусот кои беа направени во понеделникот покажаа дека има еден позитивен ракометар“, објави ДХБ.

Името на ракометарот официјално не е објавено, но медиумите откриваат дека се работи за Јаник Колбахер. Претходно и неговиот соиграч, Мадс Менсах од Рејн Некар Левен беше позитивен на Covid-19.

 

Се вчитува...