Германски судија се жалеше за дискриминација поради брада, па веднаш доби одговор

Бенџамин Барт, германски судија ја обвини Евролигата за дискриминација. Според 43-годишниот причина поради која не му е доделен ниту еден натпревар во најсилното првенство оваа сезона е одбивањето да ја скрати брадата.

Судијата го објасни својот случај говорејќи за герамснкиот медиум „Франкфуртер“, притоа давајќи детални информации за разговор кој го имал со директорот на судиењето во Евролигата, Ричард Стоукс.

„Стокус ми објасни дека тренерите и спортските директори не сакаат судии со бради и дека се бунат против тоа. Јас не можам да разберам зошто е така. Која е разликата дали ќе имам или немам брада? Јасно е дека станува збор за дискриминација“, изјави Барт.

По обвинувањето на Барт не требаше многу време и Евролигата да ја излезе со своја реакција во која вели дека Германецот веќе добил извинување, а и дека првенството нема да применува никакви неправедни мерки во иднина.

„Сегашните правила поврзани со влакната на лицето и другите елементи на телото долго време беа пракса во разни спортови, но јасно е дека истите се застарени и не одговараат на вредностите за кои се залага Евролигата. Препораката г-дин Барт да не носи брада беше грешка и извинувањето кое го упативме во април беше прифатно од него. Понатаму, г-дин Барт беше информиран дека Евролигата нема да применува никакви неправедни мерки во иднина. Дискриминацијата од секаков вид поради физичкиот изглед не е прифатлива и не може да ограничи на кој било поединец да работи на која било област, вклучително и судење на највисоко ниво”, стои во соопштението на Евролига упатено до порталот „БаскетЊуз“.

Се вчитува...