Германските фудбалери им плаќаат патни трошоци на своите навивачи за меч на СП

Германските фудбалери ќе платат за автобуски превоз на 600 германски навивачи до нивниот последен натпревар од Групата Е против Еквадор во Њу Џерси на 25 јуни, објавија медиумите.

Градските власти неколку пати ги зголемија цените на билетите за воз и автобус од Њујорк до стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, наведувајќи го зголемениот притисок врз системите за јавен превоз. Ова предизвика реакција од навивачите кои веќе платија високи цени на билети за натпреварите.

„Со оглед на високите цени за патување со автобус и воз во Њујорк за време на Светското првенство, германската репрезентација организираше бесплатен превоз до последниот натпревар од групата за 600 навивачи. Капетанот Џошуа Кимих и неговите соиграчи ги покриваат трошоците за автобусот што ќе ги транспортира навивачите од Њујорк до стадионот во Њу Џерси за натпреварот против Еквадор.“, соопшти Германскиот фудбалски сојуз. 

Се вчитува...