Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер разочарал еден таксист, кој го пронашол неговиот паричник и потоа му го вратил.
Германскиот голман во паричникот имал околу 800 евра во кеш и две картички. Таксистот одлучил да му врати се, па преку менаџерот успеал да го контактира. По две седмици стигнал дрес од Нојер со потпис за таксистот, но тоа очигледно го налутило возачот.
„Наградата е шала. Имам четири деца и што да правм со тој дрес“, изјавил таксистот.
Нојер беше критикуван и од најчитаниот медиум во Германија, Билд.
„Мануел ова е срамота. Фер пронаоѓач и скржава фудбалска ѕвезда. Твоето благодарам е шега“, пишува Билд
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА