Германците го молат Левандовски – не го руши рекордот на Милер!

Роберт Левандовски е на чекор да испише историја во Бундеслигата откако на натпреварот против Аусбург беше стрелец за својот клуб со што стигна до 40. погодок во сезоната во германската лига. Тој гол значеше и изедначување на рекордот на Герд Милер, старт 49 години кој легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал го постави во сезоната 1971/72.

На Полјакот му преостанува уште еден натпревар за да ги помести границите во историјата, но германските медиуми, а воедно и дел од поранешните германските репрезентативци го молат голгетерот да не постигне гол на последниот меч во сезоната.

„Се укажува на тоа дека Левандовски ќе го сруши рекордот, но што ако доброволно се откаже од него? Незамисливо, нели? Кога барем овој рекод би му бил препуштен на Милер. Зошто? Бидејќи тоа е Герд Милер. Бидејќи Баерн никогаш не бил клуб кој е денеска доколку не беше Милер. Тоа е најубав начин да се даде почит кон Милер“, пишува во колумната на ‘Der Spiegel’.

„Од почит кон Герд Милер, Левандовски не би требало да игра против Аусбург“, изјави Дитмар Хаман, поранешниот репрезентативец на Германија.

Се вчитува...