Ако од актуелниот шампион, Баерн Минхен се очекуваше да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, ретко кој очекуваше истото да го оствари и Борусија Дортмунд. Германските великани се најдоа меѓу осумте најдобри клубови во Европа, но тоа не е се во германската фудбалска бајка.
Во следната фаза од најсилното фудбалско натпреварување Германија ќе има и четири тренери, нешто што се случува за прв пат во историјата. Ханси Флик ќе го предводи Баерн против ПСЖ, Един Терзиќ ќе го бара скалпот на Манчестер Сити со Борусија, Томас Тухел е фаворит со Челси против Порто, додека Јирген Клоп повторно ќе ја покорува Европа со својот Ливерпул против Реал Мадрид.
„Минатата година бевме тројца Германци во полуфиналето. Ајде да се надеваме дека оваа ситуација ќе продолжи. Сите сме добри тренери, сите работиме во добри тимови. Не знам која е тајната, но убаво е што е така, а уште поубаво е тоа што јас сум дел од тоа“ – изјави Тухел.
Edin Terzic (Borussia Dortmund)
Thomas Tuchel (Chelsea)
Jürgen Klopp (Liverpool)
Hansi Flick (Bayern Munich)50 percent of the coaches who reached the #UCL quarterfinals this season are made in Germany.
What makes German coaches so good? ?? pic.twitter.com/kS7321b3SN
— DW Sports (@dw_sports) March 17, 2021
Доколку германски стратег успее да ја освои Лигата на Шампиони оваа сезона, Германците ќе постанат рекордери по освоени титули според овој формат кој се користи од 1993 година. Засега првото место го делат тренери кои доаѓаат од Германија, Италија и Шпанија со по шест титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА