Германците ќе играат викендов, а потоа ќе биде суспендирана Бундеслигата до 2. април

Германската Бундеслига е последна од топ 5 лигите во Европа која одлучи да го суспендира натпреварувањето. Сепак, Германците се решија ова коло да биде одиграно, а потоа да ја суспендираат лигата до 2. април. Претходно за ваков потег се одлучија од Италија, Шпанија, Франција и Англија за ист потег се одлучија и Германците поради пандемијата од коронавирус која ја зафати Европа.

Во соопштението се наведува дека раководствата на сите клубови одржале вонреден состанок и ги разгледувале сите ефекти на вирусот кој ја зафати Европа. Донесена е одлука во понеделник да се предложи суспензија до 2. април.

 

 

Се вчитува...