Германците на прес-конференција: Да продолжиме со победите и на следните натпревари

Германскиот национален тим денеска имаше прес-конференција, на која главно се зборуваше за следниот меч со Романија, најавија продолжување на победничката серија која почна од септември, од превземањето на Ханс Флик на селекторската позиција. Германците остварија три победи, го завзедоа првото место на табелата, и сега доколку ги добијат и следните два меча со Романците и со Македонија во Скопје, речиси сигурно ќе бидат на Мундијалот.

На прес-конфернецијата зборуваа Антонио Ридигер, Јонас Хофман и Томас Милер, кои ги искажаа своите очекувања од следните дуели.

„Сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. Да продолжиме да победуваме и на следните натпревари. Нашата цел е да обезбедиме што побрзо место на Мундијалот, и мислам дека сме на добар пат“, рече Јонас Хофман.

Германците се фаворити и на двата натпревари, како на оној со Романија, така и со Македонија, и покрај тоа што доживеаја пораз во Дуизбург.

„Секогаш кога сме со националниот тим даваме се од себе. Тоа ги радува нашите фанови, и така ние создаваме една конекција. Оваа селекција има многу опции во нападот. Сите сакаат да играат, така и јас. Сите се поддржуваме еден со друг и веруваме во себе. Само така можеме да сметаме на успех“, истакна Томас Милер.

Германија вчера во Хамбург го имаше првиот собир, каде што на 8. октомври ќе го одиграат мечот со Романија, а потоа доаѓаат во Скопје на дуелот со Македонија кој е на програмата на 11. октомври.

Се вчитува...