Гест за почит: Роналдо и Буфон пречекаа во Торино дечиња од Албанија кои го преживеаја земјотресот

Две дечиња од Албанија, 10-годишниот Аурел Лала и 7-годишниот Алесио Чакони кои успеаја да го преживеат разорниот земјотрес во Албанија добија изненадување кое ќе го паметат целиот живот.

Овие дечиња, во земјотресот, загубија по неколку членови од своите семејства а во болницата каде ги посети и премиерот на Албанија, Еди Рама раскажаа дека им е сон да ги запознаат ѕвездите на Јувентус, Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон.

Веднаш откако му го кажаа тоа, Еди Рама договори дечињата да се сретнат со двајцата легендарни фудбалери, па и самиот ги одведе во Торино на средба со нивните идоли кои им подготвија и бројни подароци… Роналдо и Буфон уште еднаш, пак, го покажаа своето големо срце.

„Во Албанија, Јувентус е како религија“ – рече Рама во Торино…

Се вчитува...