Гетлин „се обложи“ – Усаин Болт ќе се врати на патеката

Американскиот спринтер, Џастин Гетлин, е убеден дека  Усеин Болт поторно ќе се врати на атлетските патеки по паузата. Тој дури и се обложи со Болт дека наскоро повторно ќе трча.

Гетлин тврди дека на Болт брзо ќе му досадат забавите и новите активности и нема долго да остане „на пауза“, поведувајќи се од сопственото искуство.

Светскиот вицешампион на 100 метри и поранешен олимписки шампион во оваа дисциплина, поради казната во 2006 година мораше да се повлече од атлетската патека, но четири години подоцна, тој се врати.

„Кога атлетиката ви е во крвта, тешко е да се збогувата и да си заминете. Верувам дека Болт ќе се врати. Му реков дека му давам најмногу една година да ужива и да се релаксира. Ќе се забавува,ќе патува, а потоа ќе се врати и ќе ми даде 100 долари од облогот што го направивме“ – изјави американскиот ветеран кој два пати беше казнуван поради допинг.

Усаин Болт официјално, ја заврши блескавата атлетска кариера на годинашното Светско првенство во Лондон. Актуелниот светски рекордер во својата колекција има осум олимписки титули и 11 златни медали од светските првенства. Но, крајот во Лондон не беше во негов доминантен стил. По бронзата на 100 метри, во штафетната трка со екипата на Јамајка остана без медал. Во последната замена во трката на 4х100 метри, Болт се повреди и остана да лежи на патеката.

Се вчитува...