Геце му врачи отказ на татко му

Марио Геце, се чини, и дефинитивно одлучи по крајот на сезоната да ја напушти Борусија Дортмунд. 27-годишниот офанзивец не успеа да постигне договор околу продолжување на соработката, па како слободен фудбалер ќе бара нов клуб.

Дека Геце размислува за сериозна потрага по нов клуб, зборува и фактот дека го промени својот агент. Геце го ангажираше Реза Фазели за свој нов агент, и тоа на местото на неговиот татко кој доби отказ.

„Се радувам на соработката со Фазели и неговата агенција во чија способност не се сомневам. Некое време размислував за оваа постапка, му благодарам на мојот татко за досегашниот ангажман“ – соопшти Геце.

За услугите на германскиот офанзивец во моментов е заинтересиран Интер, а желба е и на Баер Леверкузен.

Се вчитува...