Геце се враќа во Германија и потпишува за Ајнтрахт Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт ја најде замената за Филип Костиќ, кој е многу блиску да се пресели во редовите на Јувентус. Освојувачот на Лигата на Европа ќе го ангажира Марио Геце, некогашниот репрезентативец кој го постигна победничкиот гол на Мундијалот во 2014 година, со кој Германија го освои Светското првенство.

Геце досега играше во ПСВ, а цената која холандскиот тим ја бара за него изнесува 4 милиони евра. Имаше интерес и од Бенфика, но се поизвесно е врќање во Германија.

Во својата земја Геце играше за Борусија Дортмунд, а потоа во 2013 година направи шокантен трансфер во Баерн Минхен. Се чини дека погреши со овој трансфер, па после три години се врати во Дортмунд, но не беше ниту одблиску како во првиот „мандат“. После четири години во Дортмунд, се пресели во ПСВ во 2020 година, и после две години се враќа во Бундеслигата.

Се вчитува...