Гезтепе преговара за останување на Јаховиќ

И покрај тоа што испадна од турската Супер-лига, Гезтепе би можел да го задржи искусниот напаѓач Адис Јаховиќ. Македонскиот голгетер и клубот преговараат за нов договор, со што сега останува на самиот фудбалер дали ќе прифати да остане, или ќе се реши да остане во Супер-лигата, но во друг клуб.

За него има интерес од прволигашот Гиресунспор, како и од Пендикспор и Сакаријаспор. Меѓутоа новиот тренер на тимот од Измир и натаму смета на услугите на Македонецот, само останува тој да одлучи дали и натаму ќе го носи дресот на Гезтепе.

Јаховиќ во 2021 година се врати во Гезтепе, откако а нив настапуваше од 2016 до 2018 година. Во Турција уште играше за Коњаспор, Малатијаспор и Анталијаспор. Во минатото беше дел од Ријека, Ворскла, Цирих, Вил, Сараево, Вележ, Железничар, а во нашето првенство играше за Македонија ЃП, Металург и Напредок.

Се вчитува...