ГФК Охрид со специјални дресови посветени за ‘сто години фудбал во Охрид’ (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Охрид на првиот натпревар од новата сезона во Втората македонска лига во кој се сретна со екипата на Беса, а славеше со 4-1, настапи со специјални дресови посветени за стогодишнината од постоењето на фудбалот во Охрид.

Новите дресови на „сино-белите“ се пуштени и на продажба, а повеќе информации најдете на нивниот Фејзбук профил.

„Информација: Специјални дресови за 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид!

Екипата на Охрид, на вчерашниот натпревар со Беса во воведната рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад настапи со специјални дресови, посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид“, стои во дел од објавата на охридскиот клуб на социјалната мрежа Фејзбук.

Се вчитува...