„Ги минавме Минхен и Торино, зошто би се плашеле од атмосферата во Сплит?“

Тренерот на Вилјареал Унаи Емери е оптимист за поминување во групната фаза во Лигата на конференции, после победата над сплитски Хајдук од 4-2 во првиот меч. Шпанскиот тим, кој лани стигна до полуфиналето во ЛШ, е еден од најсериозните кандидати за освојување на пехарот.

Тренерот Емери запрашан дали стравува од атмосферата во Сплит, истакна:

„Знам дека Хајдук ќе сака да влезе во групната фаза, и во Сплит ќе бара шанса. Што се однесува до атмосферата таму, знаеме како треба да се однесуваме. Ги минавме Баерн во Минхен и Јувентус во Торино. Одиме во Сплит со иста идеја. Било би добро кога би дошле до финале во Лигата на конференции“, вели Емери.

Се вчитува...