Ги одби Баерн и Милан, потпиша за Шалке

Младиот турски интернационалец Озан Кабак го привлече вниманието на европската фудвалска јавност со изборот на новкот клуб. Досегашниот член на Штутгарт им се заблагодари на Баерн Минхен и на Милан и потпиша договор со Шалке 04.

„Мислам дека го избрав најдобриот клуб за мојот натамошен фудбалски развој. Имаше интерес и од други клубови, но Шалке 04 е клубот што ме импресионираше во разговорите“, изјави Озан Кабак.

Младиот 19 – годишен одбранбен фудбалер кариерата ја почна во Галатасарај, а за Штутгарт имаше 15 настапи минатата сезона.

Се вчитува...