„Ги сакам Роџер и Рафа, но да не се лажeме – Ноле е ‘чудовиште’!

Продолжува битката за титулата најдобар тенисер во историјата на тенисот. Во потесниот избор и тројката која се уште е актуелна во тениските води, Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Поранешниот шампион на Вимблдон, Пет Кеш, се вклучи во целата дискусија и откри дека за него најдобар тенисер во светот е Новак Ѓоковиќ иако најмногу сака да го гледа Роџер Федерер. Кеш го нарече српскиот тенисер – вистинско тениско „чудовиште“.

„Ако треба да изберам кој најмногу би сакал да го гледам, тоа е Федерер. По него, Надал. Но, ако треба да кажам кој е најдобриот играч, несомнено би го избрал Ѓоковиќ. Тоа е јасно. Тој е чудовиште “, вели Кеш.

Се вчитува...