Ги упропасти Белгија и Португалија, па сега сака истото да го направи и во Шкотска

Роберто Мартинез се споменува како еден од можните кандидати за нов селектор на шкотската фудбалска репрезентација откако ја напушти португалската репрезентација по поразот од Шпанија (1-0) во осминафиналето на Светското првенство.

Шкотска, во меѓувреме, остана без тренер бидејќи Стив Кларк поднесе оставка откако беше елиминиран во групната фаза од натпреварувањето.

Шкотските медиуми објавуваат дека Мартинез би можел да биде сериозен кандидат, најмногу поради неговите врски со Шкотска.

За време на неговата играчка кариера, тој играше за Мадервил, а токму во таа земја во 2002 година ја запозна својата сопруга.

Претходно ги водеше Свонси, Виган и Евертон, а ова лето беше поврзуван и со клупата на Селтик пред Мартин О’Нил да биде назначен таму.

Се вчитува...