Гичевска од следната сезона во романската Дунареа

Една од најдобрите македонски ракометарки, Леонида Гичевска потпиша договор со амбициозниот романски клуб, Дунареа Браила. Гичевска во Романија преминува од редовите на францускиот Самбре Авенуа од кој беше дел во последните две години.

Покрај Гичевска веќе во овој романски тим се уште две македонски ракометарки, Јована Саздовска и Марија Штериова.

„Среќна сум и возбудена што ќе играм за еден од најдобрите тимови во Романија и Европа. Раководството и претседателот прават одлична работа и градат силен тим за следната сезона. Се надевам дека заедно ќе освои многу трофеи во Романија и Европа. Едвај чекам да заиграм за Дунареа“, изјави Гичевска по потписот.

 

Се вчитува...