Гичевска: Се одлучив за трансфер во Самбре поради амбициите на клубот и тренерот со кого може дополнително да напредувам

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во францускиот второлигаш Самбре Авенуа.

Гичевска, откако минатото лето од Куманово замина во Ле Пузен, останува во Франција но сега со промена на средината.

„Се одлучив следната сезона да настапувам за Самбре бидејќи се работи за амбициозен тим, и е на повисоко ниво согласно резултатите оваа сезона. Исто така е клуб со традиција, а со самите достигнувања сезонава и пласманот во плеј-оф завршницата јасно ги најави плановите за следната сезона кои се со желба за влез во елитното друштво“ – вели Гичевска за ЕКИПА, притоа дополнувајќи.

„Многу важен фактор за мојот трансфер во Самбре беше и тренерот со кого мислам дека можам да напредувам и созреам како играч уште повеќе. Се надевам дека заедно ќе постигнеме добри резултати следната сезона, па и влез во најсилната лига“.

Се вчитува...