Гидсел ја пропушта Македонија, Јакобсен најави ротации

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Данска веќе има максимален ефект по првите две кола, светскиот првак ќе пренесе два бода во следната фаза, што му овозможува на селекторот Николај Јакобсен да одмори дел од поважните ракометари за утрешниот дуел со Македонија.

Едно е сигурно, Данците во својот табор ќе го немаат Матијас Гидсел, извонредниот десен бек се здоби со повреда на стомачните мускули при жестоките дуели на вчерашниот меч со Словенија и нема да може да настапи против нашата репрезентација.

„Гидсел чувствува болка и мора да мирува целосно денеска. Не го планираме за Македонија, се надеваме дека ќе може да настапи на првиот меч од следната рунда. Сигурно ќе има ротации, некои други играчи ќе добијат шанса в понеделник. Имаме доволно широк ростер за да го менаџираме тоа и да не се одрази врз нивото на игра“, изјави Јакобсен.

Се вчитува...