Гидсел: По освоената светска титула, Македонија нè спушти на земја

Ракометната репрезентација на Македонија синоќа оствари голема победа над Данска во квалификациите за Европското првенство 2022. По нашето бледо издание на Светското ракометно првенство, сега македонската селекција предводена од Лазаров обезбеди резултат со кој покажа дека имаме квалитетен тим за ново место во европската елита следната година.

Поразот ги изненади данските ракометари, кои не очекуваа вакво гостување во Скопје. Меѓу нив беше и младиот Матијас Гидсел, кој изјави дека ниту еден дел од играта не функционирал во неговата репрезентација.

„Македонија за жал беше повеќе мотивирана од нас. Тие добија нов тренерски тим, и тоа даде нова верба кај ракометарите, а ние заради таквата мотивација бевме поразени. Мечот беше едно лошо искуство за нас. Македонија нè спушти на земја, по освојувањето на светската титула. Ниту дефанзивната, ниту напаѓачката игра не функционираа кај нас. Но, среќен сум што повторно сум со репрезентацијата и сум многу мотивиран за натпреварот в недела“, рече Матијас.

Данската репрезентација сега се наоѓа на втората позиција, а в недела ќе има можност за реванш, кога Хансен и неговите колеги ќе бидат домаќини на Лазаров и Македонија.

Се вчитува...