Гигант веднаш го контактирал Мбапе по веста за заминување, а не е Реал Мадрид

Иако беше познато дека Килијан Мбапе ќе го напушти тимот на ПСЖ, денеска и официјално беше соопштено дека Французинот си заминува од Париз по завршувањето на сезоната.

Веднаш по веста тргна лавината на информации за неговиот нов клуб. Иако е извесно дека ќе биде Реал Мадрид, сепак, и други клубови „сонуваат“ да го видат во своите редови.

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека веднаш по веста за негово напуштање на ПСЖ, прв клуб кој го контактирал Мбапе била Барселона! „Каталонците“ имаат финансиски проблеми, и засега не е познато како би дошле до потписот на Мбапе, но и во минатото знаеле да изненадат со големи трансфери.

Сепак, Реал Мадрид и натаму останува фаворит за неговиот потпис, а покрај двата шпански гиганти, за Французинот се интересираат и Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси, како и Баерн Минхен.

Се вчитува...