Гигантите се „тепаат“ за играчот на Монако

Играчот на Монако, Орелио Чуамени е интересен за многу европски гиганти. Интерес кон 22-годишниот фудбалер покажуваат Реал, ПСЖ, Ливерпул и Челси.

Според информациите, најблиску до неговите услуги е тимот на Ливерпул, со оглед дека Јирген Клоп силно притиска да се ангажира играчот, како потенцијална замена за Хендерсен и Милнер.

ПСЖ чека да види што ќе се случува со Мбапе, Нејмар како и со спортскиот директор Леонардо, кој можно е да замине. Ситуацијата во Челси со инвазијата на Русија врз Украина е неизвесна. Во Реал Мадрид, пак, има голема конкуренција, а Чуамени сака да оди во клуб во кој ќе игра.

Според информациите, Монако за него бара 50 милиони евра.

Се вчитува...