Со одлични настапи и високи пласмани, младите спортисти на гимнастичкиот клуб „Атлета“ повторно го потврдија својот талент и посветеност на Државниот натпревар во спортска гимнастика на кој освоија 15 одликувања.
Во А програмата, во машка конкуренција, Илиан Стојановски го освои првото место кај помладите пионери, Ангел Трајковски беше втор во истата категорија, додека Јаков Стојановски освои трето место кај постарите пионери.
Во Б програмата, Анастас Петрински и Војдан Крстевски освоија второ место кај помладите пионери, а Никола Ристевски беше трет. Кај постарите пионери, Бојан Христовски се закити со првото место, додека Дарин Бабановски беше втор. Милош Јовановиќ освои прво место кај јуниорите, а Михаил Додевски трето место.

„Горди сме на трудот, дисциплината и спортскиот дух што секојдневно го покажуваат децата. Успехот е резултат на заедничка посветеност – трудот на гимнастичарите, работата на тренерите и поддршката од родителите“, изјави тренерот Филип Миленковски.

Во женска конкуренција, во А програмата Лана Петковска освои второ место кај помладите пионерки, додека во Б програмата Милица Митровска беше втора кај постарите пионерки, а Ања Ристевска освои прво место кај младите јуниорки.


„Клубот оствари успеси и во екипна конкуренција, освојувајќи прво место кај постарите пионерки и второ место во категоријата до 7 години“, изјави тренерот Никола Златановски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
