Гинтер си замина од Борусија Дортмунд

Матијас Гинтер имаше низа одлични настапи за Германија на Купот на Конфедерациите, по што 23-годишниот дефанзивец инсистира на улога на стандарден првотимец и на клупски план, нешто што го нема во Борусија Дортмунд, каде во преден план се Бартра и Папастатопулос.

Германскиот весник „Билд“ тврди дека Гинтер веќе побарал од „милионерите“ да му биде дозволено да си замине од оваа екипа, а следна дестинација на квалитетниот одбранбен фудбалер ќе биде Борусија Дортмунд. Овој клуб бара наследник во одбраната за Андреас Кристенсен, кој по успешната позајмица се врати во Челси, па сега Гинтер делува како одлична опција.

Според „Билд“, висината на трансферот ќе изнесува 17 милиони евра, сума со која тимот од Менхенгладбах успеа да го доведе Гинтер пред англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Се вчитува...