Гласнер потврди: Геи заминува од Кристал Палас без обештетување

Капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, дефинитивно нема да го обнови договорот, потврди менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер.

Англискиот репрезентативец, роден во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска, беше протагонист на една од бројните летни трансфер саги, но неговата не заврши со промена на средината.

Гуеи беше желба на Ливерпул, но на крајот двата тима не успеаја да постигнат договор. Гласнер не сакаше да го пушти стоперот да си замине, бидејќи тој е клучен дел од неговите стратешки идеи, па затоа ќе го напушти Палас како слободен агент следното лето.

Се вчитува...