Гласот на фановите: Мораеш е најдобар играч на Ф4 во Келн

Рожерио Мораеш е избран за најдобар ракометар на фајналфор турнирот во Келн, според гласовите на фановите ширум Европа. Пивотот на Вардар беше дел од идеалната седумка на завршниот турнир, а потоа од членовите на овој дрим-тим токму Мораеш беше избран за најдобар играч на Ф4.

Пресудно беше неговото перфектно издание во големото финале, во кое Мораеш беше незапирлив за Веспрем постигнувајќи шест гола од исто толку обиди.

Само за потсетување, ЕХФ претходно за МВП на завршниот турнир од Лигата на шампионите го избра Игор Карачиќ од Вардар.

Се вчитува...