Главчев: Горд сум на моите момци и на цела Гевгелија!

Блокотехна го загуби денешното финале, но првиот човек на клубот, Томица Главчев, не го криеше задоволството од изданието на својот тим без оглед на конечниот исход на дуелот со Работнички.

„Јас сум бескрајно горд на моите момци, за она што го покажаа на овој турнир. За мене ова е исто како да сме го кренале пехарот, игравме добра кошарка, но за жал не успеавме да го победиме Работнички. Сепак, сликата што ја оставаме е максимално позитивна, за нашиот клуб, како и за цела Гевгелија. Горд сум на моите сограѓани за организацијата, за која најзаслужен е Градоначалникот Поцков, голема благодарност за поддршката што ја добивавме во текот на натпреварите. Спортската атмосфера и начинот на кој го прифативме поразот треба да биде пример како треба да изгледат натпреварите, бидејќи ова сепак е спорт“ – изјави Главчев.

За Блокотехна самиот пласман во финалето претставува историски успех, само една седмица откако тимот од Гевгелија стигна до титулата во БИБЛ-лигата.

Се вчитува...