Главните играчи на Тотенхем не патуваат за Минхен

Тотенхем ќе биде сериозно ослабен за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен откако Жозе Мурињо реши да тактизира со составот, оставајќи ги во Лондон главните фудбалери на „спарси“.

Лондонскиот клуб вечерва објави дека Хари Кејн и Деле Али воопшто не отпатувале за Минхен, исто како и дефанзивците Јан Фертонген и Серж Орие. Покрај овие четири првотимци, поради повреди дуелот со Баерн ќе го пропуштат и Љорис, Дејвис, Ндомбеле, Ламела и Винкс, кои останаа во Лондон за да продолжат со рехабилитацијата.

Баерн Минхен го осигура првото место во групата, Тотенхем е недостижен за Црвена Звезда и за Олимпијакос на втората позиција, па јасно е зошто Мурињо овој дуел го гледа како идеална шанса да им даде заслужен одмор на дел од најважните играчи на „спарси“.

Се вчитува...