Главоболка за Гвардиола – Менди е тешко повреден

Пеп Гвардиола се соочува со сериозен проблем откако едно од клучните засилувања во летниот преоден рок, Бенџамин Менди, ќе мора да паузира повеќе месеци поради повреда на скочниот зглоб. Францускиот интернационалец настрада при еден дуел со Таунсенд на саботниот дуел, со Кристал палас, првичните прогнози се дека повредата не е премногу сериозна, но повторените прегледи покажаа дека ситуацијата воопшто не е наивна.

Менди веднаш отпатува за Барселона на специјалистички прегледи, но иако конечните резултати се уште не се пристигнати прогнозите велат дека Менди ќе отсуствува најмалку три месеци од терените.

„Во моментов се чини дека ќе мора да паузира долго, подолго отколку што очекувавме веднаш по повредата. Искрено ми е жал за него како личност, бидејќи одлично се снајде во тимот и експресно се адаптираше. Исто како што беше лани со Гундоган, сигурно многу ќе ни недостига“ – изјави Пеп Гвардиола.

По заминувањата на Клиши и на Коларов, сега Пеп Гвардиола нема класичен лев бек како замена за Менди. Прва опција ќе биде преселба на Данило од десната на левата страна, а на синоќешниот дуел со Шахтјор во ЛШ стартен лев бек беше Фабијан Делф, кому природна позиција му е играч за врска.

Се вчитува...