Глен Ходл колабирал во ТВ студио, итно пренесен во болница

Поранешниот селектор на Англија, Глен Ходл, се соочува со сериозни здравствени проблеми откако утрово мораше да биде итно пренесен во болница. Ходл е дел од стручниот тим на аналитичари на телевизијата „БТ Спортс“ и денеска требаше да биде дел од тимот во пресрет на мечот меѓу Лестер и Вест хем.

Уште на самиот почеток од подготовките за програмата Ходл, кој денеска го слави својот 61. роденден, се пожалил на здравствени проблеми, за нешто подоцна да колабира среде студиото и да предизвика паника меѓу вработените. Со возило на брза помош тој бил експресно пренесен во најблиската клиника, но според првичните информации состојбата му е „многу сериозна“.

„На нашиот пријател и колега Глен Ходл утрово му се слоши во студиото и мораше да биде пренесен во болница. Поради тоа нема да ја одржиме денешната емисија, а програмата ќе почне со директно вклуување од натпреварот Лестер – Вест хем“ – соопштија од „БТ Спортс“.

Се вчитува...