Глигоров: Мора да ја продолжиме победничката низа

„Вардарци“ посакуваат продолжување на победничката серија во домашниот шампионат и во денешното 21. коло и дуелот против прилепска Победа во Охрид.

По претходните две победи, против Шкупи и против Шкендија, составот на Гоце Седлоски безусловна сака три бода и од пресметката со Победа, како би се зачувала предност на врвот од табелата на патот кон шампионската титула.

„Имавме супер почеток во шампионатот со две победи над Шкупи и над Шкендија. Натпреварот од Купот не беше вистинското издание на Вардар, но сега посакуваме да продолжиме победнички во првенствените натпревари. Имаме пред нас гостување кај Победа. Знаеме дека противникот ни направи проблеми во првите два меча, и од тука мораме да дадеме максимум и да дојдеме до бодовите. Треба да ја оправдаме фаворитската улога и да победиме“ – вели фудбалерот од средниот ред Никола Глигоров.

Вардар со мали проблеми ќе го очекува дуелот против Победа, поради отсуството на тројца клучни фудбалери за тимот. Најдобриот вардаров фудбалер, Бразилецот Хуан Фелипе ќе мора да отсуствува поради пет жолти картони, а повредени се Горан Попов и Стефан Спировски.

ДВОЈКИ – 21. КОЛО (денеска, 14 часот)

Охрид: ПОБЕДА – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

Се вчитува...